Актуелности
Предавање на тема „Мезопорозни материјали како потенцијални носачи за испорака на лекови“ од Проф. Барбара Јадах, Фармацевтски факултет при Универзитет во Познан, Полска
Проф. Барбара Јадах (Barbara Jadach) од Универзитетот во Познан, Полска, гостува на Фармацевтскиот факултет во рамките на активниот ЦЕЕПУС проект и на 18.04.2024 година со почеток во 12:00 часот во предавална 2, ќе одржи предавање на тема „Мезопорозни материјали како потенцијални носачи за испорака на лекови“ (Mesoporous materials as potential carriers for drug delivery).
Стручен едукативен состанок: „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата - Работиме заедно!
Почитувани Колеги,
Поради големиот интерес за учество на стручно едукативниот состанок „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата – Работиме заедно!“, Ве известуваме дека настанот ќе биде ХИБРИДЕН, односно дел од регистрираните учесници ќе имаат можност да го следат настанот онлајн.
Со оглед на просторните капацитети на амфитеатарот на Фармацевтски факултет, Ве замолуваме на следниот линк ( https://forms.gle/uo5cPsRvsUZEjt4g6 ) да изберете дали сте за физичко присуство на настанот или истиот ќе го следите онлајн.
Напомена: бројот на учесници со физичко присуство е ограничен и по пополнување на капацитетите од 130 учесници, опцијата – физичко присуство ќе биде затворена.
Учесниците кои ќе го следат настанот онлајн, во текот на следната недела ќе добијат известување на нивните електронски адреси за начинот на вклучување и следење на настанот, со цел регулирање на поени за учество од страна на Фармацевтска комора РСМ.
Со почит,
Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје
МАГИСТРЕ 2024
Свечено доделување на дипломи за дипломирани студенти на прв и прв и втор циклус студии
Огласи
Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации за вработени здравствени работници во јавни здравствени установи
Повеќе информации на следниот линк.
Архива на огласи
Соопштенија за студенти
Последни соопштенија
- Соопштение за одбрана на специјалистички труд – Албулена Латифи 16/04/2024
- Соопштение за одбрана на специјалистички труд – Јулијана Сековска 15/04/2024
- Соопштение за одбрана на специјалистички труд – Мирлинда Латифај 15/04/2024
- Резултати од прв колоквиум Токсиколошки форензични анализи, одржан на 02.04.2024 12/04/2024
- Резултати од прв колоквиум Токсикологија, одржан на 01.04.2024 12/04/2024
- Резултати од прв колоквиум Прехранбени производи, одржан на 04.04.2024 09/04/2024
- Резултати од прв колоквиум Хемија на храна 1, одржан на 01.04.2024 09/04/2024
- Резултати од прв колоквиум по предметот Моделирање и оптимизирање во нутриционизам и диететика 03/04/2024
- Соопштение за одбрана на специјалистички труд – Елизабета Илијевска 21/03/2024
- Соопштение за доставување на индекси за потпис и оцена од Катедра по Фармацевтска технологија 20/03/2024
- Програма за млади таленти – Практикантство во Алкалоид 2024 12/03/2024
- Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации 07/03/2024
- Фармацевтски факултет по повод 47 години од своето постоење организира Стручен едукативен состанок на тема „Унапредување на квалитетот на аптекарската практика поттикнато од професијата – Работиме заедно! 05/03/2024
- Соопштение за одбрана на специјалистички труд – Бисера Петровска 01/03/2024
- Соопштение за одбрана на специјалистички труд – Моника Ковилоска 29/02/2024