Menu Close

За Научно Истражувачко Здружение (НИЗ)

Научно истражувачко здружение (НИЗ) е граѓанска невладина организација што постои од 1994 година, формирана по иницијатива на студенти од Фармацевтскиот факултет во Скопје, чија главна цел и мисија се поттикнување и афирмација на научноистражувачката мисла промовирање на науката меѓу студентите и овозможување на реализација на прогресивни научни идеи, поддржување на нивната креативност и студентски активизам, поттикнување на идните научници да зачекорат по патот на науката.

Во НИЗ активно учество земаат активни студенти, професори и асистенти од Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје и од други факутети од УКИМ и другите Универзитети во Македонија, соработка и размена на студенти од странство, и не помалку значајни се алумните како и љубителите на науката и природата кои даваат голема поддршка на НИЗ сите изминати години. Работата на НИЗ во целост се темели на студентскиот ентузијазам за остварување на идеите кои се надвор од стандардната студиска програма. Активно соработува со други истражувачки друштва и асоцијации на УКИМ, со Македонското Еколошко Друштво, со Македонското Фармацевтско Друштво, со многу фоандации и фармацевски компании чија поддршка е од есенцијална важност за успешнотото фукционирање на НИЗ.

Една од главните активности е реализација на макропроектот за фармакогностички и фитохемиски истражувања на лековити и ароматични растенија на територијата на Македонија но и пошироко на Балканот. Во текот на 29-годишното постоење на здружението реализирани се 30 теренски истражувачки летни проекти. Од научно истражувачки аспект, се работи и на повеќе помали проекти. Покрај теренскиот проект, истражувачките активности опфаќаат и повеќе групни и индивидуални истражувачки проекти.

Покрај ова, НИЗ реализира и многу други активности и проекти како што е Европскиот Фармацевтски Летен Семинар (EPSS) кој за прв пат беше одржан во 2016 година во Охрид, на кој се обработуваат теми од областа на психоактивни компоненти од природно потекло и учество заземаат професори, асистенти и студенти од цела Европа. НИЗ дополнително организира работилници, дебати и предавања на теми кои се најактуелни, посети во фармацевтска индустрија, мотивирачки екскурзии и забави.