Menu Close

Додипломски студии – 1 циклус по Болоња

На студиските програми од прв степен на Фармацевтскиот факултет може да се запишат ученици со положена државна матура кои ги исполнуваат условите за запишување наведени во конкурсот за упис на студенти на Универзитетот и во зборникот на соодветната студиска програма.

Додипломска студиска програма ЛАБОРАТОРИСКИ БИОИНЖЕНЕР, 3+, 180 ЕКТС, 6 семестри (3 години)
Студиска програма (pdf)

Дипломски студии – 1 и 2 интегриран циклус по Болоња

На студиските програми од 1 и 2 интегриран циклус на Фармацевтскиот факултет може да се запишат ученици со положена државна матура кои ги исполнуваат условите за запишување наведени во конкурсот за упис на студенти на Универзитетот и во зборникот на соодветната студиска програма.

Дипломска студиска програма МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА, 5+0, 300 ЕКТС, 10 семестри (5 години, интегриран прв и втор циклус) – студиска програма воведена пред учебната 2009/2010 година
Студиска програма (pdf)

Дипломска студиска програма МАГИСТЕР ПО ФАРМАЦИЈА, 5+0, 300 ЕКТС, 10 семестри (5 години, интегриран прв и втор циклус) – студиска програма воведена во учебната 2009/2010 година
Студиска програма (pdf)

Последипломски студии – 2 циклус по Болоња

На академските студиски програми од 2 циклус на Фармацевтскиот факултет може да се запишат студенти по завршен прв циклус или прв и втор интегриран циклус доколку ги исполнуваат условите наведени во зборникот за соодветната студиска програма.
На здравствените специјалистички програми од 2 циклус на Фармацевтскиот факултет се запишуваат дипломирани фармацевти или магистри по фармација со положен државен испит и една година стаж по положување на државниот испит. Исклучок претставува здравствената специјализација од областа санитарна хемија на која може да се запишат и здравствени соработници со завршено соодветно високо образование (Технолошко-металуршки факултет-отсек прехранбена технологија, Природноматематички факултет-отсек аналитичка биохемија, биологија, биохемиско-физиолошки, Земјоделски факултет-отсек прехранбена технологија, Биотехнички факултет), положен стручен испит и три години работно искуство поврзани со областа за која кандидатот се пријавува за специјализација. Времетраењето на специјализацијата е 6 семестри (36 месеци – 12 месеци теоретска настава и 24 месеци практична настава). Стажот на специјализацијата се обавува во институции овластени од Министерството за здравство, според предвидената програма.

Последипломска студиска програма магистер по здравствен менаџмент и фармакоекономија, +2, 120 ЕКТС, 4 семестри (2 години – втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Академска специјалистичка програма здравствен менаџмент и фармакоекономија, +1, 2 семестри, 60 ЕКТС (1 година – втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Академска специјалистичка програма фармацевтска регулатива, +1, 2 семестри, 60 ЕКТС (1 година – втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Здравствена специјалистичка програма клиничка фармација, 6 семестри (3 години, втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Здравствена специјалистичка програма ФАРМАКОИНФОРМАТИКА, 6 семестри (3 години, втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Здравствена специјалистичка програма ФАРМАЦЕВТСКА ТЕХНОЛОГИЈА, 6 семестри (3 години, втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Здравствена специјалистичка програма МЕДИЦИНСКА БИОХЕМИЈА, 6 семестри (3 години, втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Здравствена специјалистичка програма ЛЕКОВИТИ РАСТЕНИЈА (ФАРМАКОГНОЗИЈА), 6 семестри (3 години, втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Здравствена специјалистичка програма САНИТАРНА ХЕМИЈА, 6 семестри (3 години, втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Здравствена специјалистичка програма ТОКСИКОЛОШКА ХЕМИЈА, 6 семестри (3 години, втор циклус)
Студиска програма (pdf)

Докторски студии – 3 циклус по Болоња

Право на запишување на докторски студии на Фармацевтскиот факултет согласно со Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус – докторски студии на Универзитетот и согласно со препораките и стандардите на Орфеус за докторски студии во биомедицината и здравствените науки, имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат основните критериуми:
1. Завршен 2 циклус на студии и тоа:

  • Лица кои завршиле според студиската програма од 1992/1993 година во траење од 5 години и се стекнале со диплома дипломиран фармацевт, или
  • Лица кои завршиле според студиската програма од 2002/2003 година во траење од 5 години и се стекнале со диплома магистер по фармација, или
  • Лица кои завршиле според студиската програма од 1981/1982 година во траење од 4 години и се стекнале со диплома дипломиран фармацевт и имаат завршено здравствена специјализација во траење од 3 години, или
  • Лица со завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на ЕКТС на кои им се признаваат 60 ЕКТС-кредити од обука за истражување и едукација, или
  • Лица со стекната стручна подготовка според студски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити.

2. Познавање на еден од светските јазици

Студиска програма ДОКТОР НА НАУКИ, ОБЛАСТ БИОМЕДИЦИНСКИ НАУКИ, ПОЛЕ ФАРМАЦИЈА, +3, 180 ЕКТС, 6 семестри (3 години – трет циклус)
Студиска програма (pdf)