Menu Close

Согласно Законот (ЗВО) и Статутот на УКИМ, за секоја предметна програма се врши евалуација на стекнатото знаење и вештини преку формите на континуирана проверка и преку завршното оценување.

Континуираната проверка на знаењето и вештините подразбира:

  • активно учество во теоретската настава (интердисциплинарен пристап во наставата),
  • активно учество во практичната настава,
  • успешно завршување на завршната вежба/практичен дел од испитот во предметни програми во кои е вклучена практична настава,
  • успешно решавање на самостојни задачи (домашните задачи, зададени проблеми (ПБЛ- учење, семинарски трудови и нивна презентација, проектни задачи, теренски активости, вклучување во научно-истражувачките активности и слично),
  • успешно положени колоквиуми/завршен писмен испит (во предметни програми во кои се предвидени колоквиуми),

Завршна проверка на знаењето и вештините подразбира:

  • завршното оценување се прави преку полагање на завршен писмен и усмен дел од испитот, за предметни програми во кои не се вклучени практичната настава и не се предвидени колквиуми.
  • за предметни програми во кои се вклучени колоквиуми, по успешно завршување на истите, завршниот испит се состои само од усмен дел. Ако студентот не ги положи еден или двата колоквиуми, задолжително полага и писмен дел и усмен дел од испитот.
  • за предметни програми во кои е вклучена практичната настава, студентот треба да положи завршна вежба во текот на семестарот. Ако не ја положи завршната вежба, во испитна сесија полага практичен дел од испитот, покрај писмен и усмен дел од испитот.
  • за предметни програми во кои се предвидени и практична настава и колоквиуми, студент кој во текот на семестарот не ги положи колквиумите и не ја положи завршната вежба, во завршното оценување полага практичен дел, писмен дел и усмен дел од испитот.
  • делови од испитот кој студентот ќе ги положи не се полагаат повторно, се додека не дојде во ситуација да го го презапише предметот.
  • студентот има право три пати да го полага завршниот испит кој може да се состои од практичен дел, писмен дел и усмен дел, или само писмен и усмен дел или само усмен дел.