Статут на Фармацевтски факултет во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Правила за студирање се регулирани согласно Законот за високото образование, Статутот на УКИМ и Правилникот за условите, критериумите и правилата за студирање.
Студиската програма за магистри по фармација се однесува на регулирана професија (фармацевти) и е подготвена согласно член 106 од ЗВО и директивата 2005/36/ЕС. Должината или времетраењето на студиите за магистри по фармација е пет години или 10 семестри, девет семестри универзитетска настава и еден семестар професионална практика. Студентот се стекнува со вкупно 300 ЕКТС, девет семестри универзитетска настава (270 ЕКТС) и еден семестар професионална практика (30 ЕКТС). Право за запишување имаат лица со завршено соодветно предходно образование и положена државна матура. Предмети од државната матура кои се вреднуваат се Екстерни предмети: 1. математика (основно или напредно ниво), 2. странски јазик и 3. физика, хемија или биологија. Интерни предмети за гимназија: предмет по избор на кандидатот, и интерни предмети за средни стручни училишта: предмет по избор на кандидатот.