Актуелности
Пријавување на втор циклус студии
Пријавувањето за втор циклус студии на Фармацевтски факултет ќе се врши до 15.10.2025 година.
Во академска 2025-2026 година може да се запипшат следниов број на студенти:
- Специјалистички студии
- Здравствен менаџмент и фармакоекономија* – 15 студенти
- Фармацевтска регулатива – 30 студенти
- Хомеопатски лекови – 5 студнети
- Фармаковигиланца – 30 студенти
- Индустриска фармација – 22 студенти
- Магистерски студии
- Здравствен менаџмент и фармакоекономија – 15 студенти
- Диететика и диетотерапија – 15 студенти
- Лабораториска анализа и инженерство во фармацијата – 15 студенти
При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство – Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
Повеќе информации на следниот линк.
Прв академски час на Фарамцевтски факултет ќе се одржи за студиската програма Магистер по фармација во Предавална 3 од 13:00 часот, за студиските програми Лабораториско биоинженерство и Диететика и диетотерапија во Предавална 1 од 14:00 часот.
Известување за ЕРАЗМУС+ инфо-сесија
Почитувани колеги,
На 30 септември, вторник, од 14ч до 16ч ќе се одржи Еразмус инфо-сесија на која ќе има презентации од колеги кои што оваа година беа на студии на странски универзитети по Еразмус програмата за студентска мобилност и ќе бидат споделени информации и искуства.
Сите заитересирани кои размислуваат за аплицирање на конкурсот што заршува на 3ти октомври ќе можат да добијат повеќе информации.
Интерен оглас за студенти чие родителско право го врши само еден родител - 2025-2026 година
Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2025/2026 година (бр. 02-1092/11 од 16.9.2025 г.), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С
за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Известување за запишување и заверка на зимски семестар во учебната 2025-2026 година
Запишување и заверка на зимски семестар за учебната 2025-2026 година ќе се врши до 30.09.2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.
Огласи
“Низ светот со Ирена од НовоНордиск”
Драги студенти,
Со големо задоволство ја најавуваме втората работилница од серијалот ,,Кариерен пат на еден алумни”. 👩🎓👩🔬
Ве покануваме да ни се придружите на “Низ светот со Ирена од НовоНордиск”! ✈️💊🌏
Ирена Минов е магистер по фармација, специјалист по испитување и контрола на лекови и постар директор за квалитет во НовоНордиск А/С.
▪︎ Датум: 20.11.2025
▪︎ Место: предавална 3 на ФФ
▪︎ Време: 12:00 часот
Ве очекуваме на кариерно патување низ светот, од Скопје, Копенхаген, преку Куала Лумпур и Брисел 😉 🗺️
Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Анкетата за Европската студентска картичка (European Student Card Survey 2025)
Повик за платена научна пракса на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија
Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC) нуди платенa научнa пракса за научни практиканти. Подетални информации, профил на кандидати и критериуми се достапни во Анекс I во следниов линк за апликација.
За практикантствата што почнуваат во март 2026 година, JRC овозможува учество на околу педесет (50) научни практиканти, во различни тематски области како здравство, индустрија и вселена, природни ресурси, мобилност, граѓанска безбедност за општеството, животна средина и климатски промени, нуклеарна безбедност и сигурност, управување со кризи, дигитална трансформација и податоци, сајбер безбедност, вештачка интелигенција итн.
Местото на пракса може да биде едно од следниве локации на JRC: Гел (Белгија), Испра (Италија), Карлсруе (Германија), Петен (Холандија) или Севиља (Шпанија).
Лицата кои ќе аплицираат на Повикот потребно е да пратат потврда за својата апликација на следната e-mail адреса: n.p.kostovska@ukim.edu.mk
Покана за предавање на Проф. д-р Шарарех Салар-Бехзади, Фармацевтски факултет, Универзитет во Грац, Австрија.
Истражувачки центар за фармацевтско инжинерство (RCPE)
(Sharareh Salar-Behzadi, Department of pharmaceutical technology and biopharmacy, University of Graz, Austria; Research Center Pharmaceutical Engineering (RCPE) GmbH)
Почитувани колеги,
Со особена чест и задоволство Ве покануваме на академско предавање на Проф. д-р Шарарех Салар-Бехзади, вонреден професор на одделот за Фармацевтска технологија и биофармација при Фармацевтскиот факултет на Универзитетот во Грац, Австрија
📅 Датум: 15/10/2025 (среда)
🕒 Време: 14.00
📍 Локација: Фармацевтски факултет, Амфитеатар 3
🎓 Наслов на предавањето:
Spray Drying of Lipid-Based Formulations for Advanced Drug Delivery to the Lung
(Липидни формулации подготвени со метод на спреј сушење како современи дозирани форми за администрација на лекови во белите дробови)
Предавањето е наменето за академскиот кадар, истражувачите и докторандите со интерес во областа на фармацевтските и медицинските науки, како и за сите кои се ангажирани во истражување во фармацевтската технологија и биофармација.
Професорката е автор на над 60 научни трудови и 5 патенти, со повеќе од 1000 цитирања и h-индекс 18. Нејзиниот интерес е во истражувањето на материјали за фармацевтска примена, анализа на структурата и функцијата на фармацевтските ексципиенси, со фокус на современи системи базирани на липиди, инженерство на честички за различни начини на администрација, меѓу кои и до белите дробови.
Проф. Салар-Бехзади соработува со голем број фармацевтски компании, компании за ексципиенси и опрема и добила значително финансирање за нејзината работа на современи терапевтски системи базирани на липиди.
Ве покануваме да присуствувате и да учествувате во дискусијата по предавањето, која ќе претставува можност за академска размена и нови истражувачки перспективи.
Со почит,
Деканат на Фармацевтски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата – за летниот семестар во академската 2025/2026 година
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
Индивидуална мобилност за студенти за летен семестар во академската 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Втор симпозиум на Македонското фармацевтско друштво на тема: „Клиничко-фармацевтски услуги за специфични популации: Педијатриска, геријатриска и диетотерапевтска грижа“
Почитувани колеги,
Ве известуваме дека пријавувањето на апстракти и регистрацијата на учесници за претстојниот Втор симпозиум на Македонското фармацевтско друштво на тема:
„Клиничко-фармацевтски услуги за специфични популации: Педијатриска, геријатриска и диетотерапевтска грижа“,
кој ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември 2025 година, во хотел „Дрим“, Струга, како и за едукативниот курс: УСЛУГА ЗА НОВ ЛЕК (New Medicine Service – NMS)
е достапно преку следниот линк:https://pharmacypractice2025.mk/
Стипендии за истражувачи, докторски студии и пост-докторски студии, за студенти од земјите во Централна и Источна Европа за академската 2026/2027 година
Повеќе информации на следниот линк.
Архива на огласи
Соопштенија за студенти
Последни соопштенија
- Соопштение за одбрана на магистерски труд – Билјана Атанасовска 13/11/2025
- Резултати од прв колоквиум по предметот Општа и клеточна биологија 11.11.2025 12/11/2025
- Резултати од колоквиум 1 по предметот Основи на фармакологијата 2025-2026 12/11/2025
- Резултати од прв колоквиум по предметот Основи на фармацевтска биологија 11.11.2025 11/11/2025
- Конечна ранг листа за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2025/2026 година 07/11/2025
- Пријавување за полагање на прв колоквиум по предметот Основи на фармацевтска биологија 28/10/2025
- Пријавување за полагање на прв колоквиум по предметот Општа и клеточна биологија 28/10/2025
- Резултати од испитот по предметот Фитохемија 28/10/2025
- Известување за потписи и оценки од Институт за фармакогнозија 21/10/2025
- Листа на кандидати пријавени на интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши еден родител за учебната 2025/2026 година 20/10/2025
- Резултати од испит по предметот ФАРМАЦЕВТСКА БОТАНИКА (25.09.2025 година) 08/10/2025
- Соопштение за одбрана на докторски труд – М-р Елизабета Атанаскова 08/10/2025
- Соопштение за потписи и оцени за предметите од Институт за фармацевтска технологија 07/10/2025
- Соопштение за почеток на наставата по предметот Општа и неорганска хемија (студ. програма Лабораториско биоинжинерство 2025-2026) 02/10/2025
- Соопштение за почеток на наставата по предметот Неорганска хемија применета во фармација (студ. програма Магистер по фармација 2025-2026) 02/10/2025

