Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Центар за природни производи

Центар за природни производи

 

 

Раководител

Доц. д-р Марија Карапанџова

Специјалист по фармакогнозија

Тел: (++389) 2 3126 024, лок: 103
е-mail: marijakarapandzova@yahoo.com
е-mail: marija_karapandzova@ff.ukim.edu.mk

 

 

Адреса

ул. Мајка Тереза бр. 47,

Поштенски фах 36,
1000 Скопје, Р. Македонија

 

 

Човечки ресурси

Проф. д-р Светлана Кулеванова

Проф. д-р Ѓоше Стефков

Доц. д-р Марија Карапанџова

Д-р Ивана Цветковиќ Каранфилова

Проф. д-р Анета Димитровска

Проф. д-р Татјана Кадифкова Пановска

Доц. д-р Јелена Ацевска

Лабораториски хемиски техичар Срѓан Вујиќ

 

 

За Центарот

Центарот за природни производи (ЦПП) е основан во 2009 година, во рамките на Фармацевтскиот факултет во Скопје и денес опстојува како посебна единица на факултетот. Потребата од создавање на еден ваков вид лабораторија се јави како последица на се поголемата актуелност и застапеност на природните производи, не само на пазарот, туку и во секојдневниот живот на човекот. За прв раководител на Центарот е избран проф. д-р Ѓоше Стефков. Почнувајќи од 2014 година, па се до денес, на местото раководител на ЦПП се наоѓа Доц. д-р Марија Карапанџова.

Основната цел на ЦПП е изведување на анализи, како во рамките на апликативната и едукативната дејност, така и во рамките на  научно-истражувачка дејност. Сите испитувања и услуги што изведуваат во рамките на овој Центар се регулирани со национални и меѓународни стандарди за квалитет, а се обавуваат на барање на Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и медицински средства, Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделие, Министерството за животна средина и просторно планирање, како и на барање на други државни институции и приватни претпријатија. Покрај тоа, ЦПП соработува и со други сродни лаборатории, кои работат на комплементарна проблематика, како на национално, така и на интернационално ниво. Во доменот на своите технички можности и професионалната компетентност, ЦПП е подготвен да излезе во пресрет на сите клиенти, кои имаат потреба од некоја дополнителна анализа и услуга.

Капацитети

Центарот за природни производи располага со вкупен простор од ~95 m2 и тоа една лабораторија од ~62m2 и магацин од ~33m2. И двете простории се сместени во зграда бр.2 на Фармацевтскиот факултет.

Лабораторијата за изведување на анализи е опремена со најсовремена опрема која вклучува:

  1. Agilent 7890А Гасен хроматограф поврзан со Agilent 5975С Quadripole масен детектор (Agilent Technologies, USA) и со Shimadzu AOC 5000 Plus Headspace автосемплер (Shimadzu Corporation, Japan),
  2. Agilent 1200 течен хроматограф опремен со кватернерна пумпа G1311A, aвтосемплер G1329A, дегазер G1322А, термостат за колона G1316A и UV-Vis детектор со низа од диоди G1315D (Agilent Technologies, USA),
  3. Ултрасонична бања (Selecta, Spain),
  4. Водена бања (GFL, Germany),
  5. Евапоратор (Rotavapor, Switzerland)
  6. Рефрактометар (Carl Zeiss Jena, Germany),
  7. Центифуга (Hettich, Germany),
  8. Микроскопи (Optika, Italy),
  9. Друга лабораториска опрема од типот на ваги, магнетни и вортекс мешалки, решоа, опрема за тенкослојна хроматографија и слично,
  10. Стаклена апаратура од типот на Клевенџер апаратура за дестилација на етерични масла во растителни дроги, Сокслет апаратура за изолација на масни масла, апаратура за определување на вода во растителни дроги, како и друг вид стаклена апаратура за дестилација и поситна стакларија.

 

Дејност

Основната дејност на Центарот за природни производи (ЦПП) е вршење услуги и анализи во полето на природните производи (фармакогнозија, фитохемија и фитотерапија), давање стручни мислења и консултативни услуги, како и изработка на експертски извештаи, методолошки постапки и лабораториски анализи. Во рамките на ЦПП се обавуваат следните дејности:

  • Научно-истражувачка дејност – има за цел изведување на базични, развојни и апликативни истражувања,
  • Едукативна дејност – има за цел обука на кадри за сопствени потреби, организирање и спроведување семинари, работилници и предавања,  пишување и издавање на стручно-апликативна литература наменета за различни засегнати групи на потрошувачи и клиенти,
  • Апликативна дејност – има за цел испитување на квалитет на природните производи, изведување на фармакогностички и фитохемиски анализи, развој на аналитички методи, експертизи, како и давање професионални лабораториски и консултативни услуги насочени кон различни аспекти на природните производи.

 

Анализи и услуги

Во ракмите на ЦПП, воспоставени се и се работат следниве анализи и услуги:

  • Определување на пепел
  • Страни материи
  • Определување на индекс на стоми
  • Определување на индекс на бабрење
  • Определување на вода во етерични масла
  • Определување на масни масла во етерични масла
  • Определување на мирис и вкус на етерични масла
  • Определување на остаток по испарување на етерични масла
  • Определување на растворливост на етерични масла
  • Определување на содржина на етерични масла во растителни суровини
  • Определување на содржина на вода во растителни суровини
  • Определување на остатоци од пестициди
  • Определување на танини во растителни дроги
  • Определување на индекс на горчина
  • Определување на сув остаток на екстракти
  • Определување на губиток при сушење на екстракти
  • Земање на репрезентативен примерок од растителни суровини
  • Испитување на растителна дрога (PH.EUR.)
  • GС/MS анализа на примерок
  • GС/MS анализа на канабис и негови преработки
  • HPLC анализа на примерок
  • Спектрофотометриска анализа на примерок
  • Екстакција на активни компоненти
  • Идентификација и докажување на хербални супстанци и хербални преработки
  • Испитување и контрола на квалитет на хербални супстанци и хербални преработки според PH.EUR. и други стандарди за квалитет
  • Експертски извештај за безбедност и ефикасност на традиционален хербален лек
  • Проценка на растителни ресурси
  • Консултативни услуги
  • Проекти, развој на методолошки постапки, стручни мислења и др.

 

Ценовник

Во ракмите на ЦПП, воспоставени се и се работат следниве анализи и услуги кои се тарифираат според приложениот ценовник:

 

Анализа/услуга Цена (без ДДВ)
·         Определување на пепел 5000 ден.
·         Определување на страни материи 3500 ден.
·         Определување на индекс на стоми 3500 ден.
·         Определување на индекс на бабрење 3500 ден.
·         Определување на вода во етерични масла 4500 ден.
·         Определување на масни масла во етерични масла 1500 ден.
·         Определување на мирис и вкус на етерични масла 1500 ден.
·         Определување на остаток по испарување на етерични масла 1500 ден.
·         Определување на растворливост на етерични масла 1500 ден.
·         Определување на содржина на етерични масла во растителни суровини 4500 ден.
·         Определување на содржина на вода во растителни суровини 4500 ден.
·         Определување на остатоци од пестициди 18000 ден.
·         Определување на танини во растителни дроги 9000 ден.
·         Определување на индекс на горчина 3500 ден.
·         Определување на сув остаток на екстракти 3500 ден.
·         Определување на губиток при сушење на екстракти 3500 ден.
·         Земање на репрезентативен примерок од растителни суровини 3500 ден.

(+ теренски трошоци)

·           Испитување на растителни дроги 30000 ден.
·           GC/MS анализа на примерок 6000 ден./час*
·           GC/MS анализа на канабис и негови преработки 2400 ден.
·           HPLC анализа на примерок 6000 ден./час*
·           Спектрофотометриска анализа на примерок 4000 ден./час*
·           Екстрактивна постапка по примерок 2000 ден./час*
·           Идентификација и докажување на хербални супстанци и хербални преработки 4500 ден.
·           Испитување и контрола на квалитет на хербални супстанци и хербални преработки според PH.EUR. и други стандарди за квалитет 30000 ден.
·           Експертски извештај за безбедност и ефикасност на традиционален хербален лек 36000 ден.
·           Проценка на растителни ресурси 150000 ден.
·           Консултативни услуги 3000 ден./час*
·           Проекти, развој на методолошки постапки, стручни мислења и др. утврдена со договор

*се тарифира на час

 

Design and Developed by KodeForest @ All Rights Reserved by KodeForest