Центар за контрола на труења
Раководител
Проф. д-р Татјана Кадифкова Пановска, фарм спец.
Тел: (++389) 2 3126 024, лок: 201
е-mail: taka@ff.ukim.edu.mk
Адреса
ул. Мајка Тереза бр. 47,
Поштенски фах 36,
1000 Скопје, Р. Македонија
Човечки ресурси
- Проф. д-р Лидија Петрушевска-Този
- Проф. д-р Зоран Кавраковски
- Проф. д-р Марија Хиљадникова-Бајро
- Проф. д-р Тања Петреска Ивановска
- Проф. д-р Марија Карапанџова
- Васил Карчев фарм. спец.
- М-р фарм. Зоран Живиќ
- М-р Фарм. Кристина Шутевска
За Центарот
Центарот за контрола на труења (ЦКТ) е специјализирана единица која е формирана во рамките на Фармацевтскиот факултет во Скопје, како резултат на потребите на современото општество од обезбедување на релевантни совети и поддршка во превенцијата, дијагностиката и справувањето со труењата.
Труењата можат да бидат предизвикани од голем број супстанции што се карактеризираат со различни токсиколошки својства со што значајно се отежнува работата на здравствените работници при нивното справување. Затоа, од големо значење е постоење на информативен сервис, чија примарна активност е насочена кон собирање и давање на соодветни информации за брза и правилна проценка на ризикот од дадено труење, рационална примена на дијагностичките постапки и лекувањето и избегнување на непотребни постапки кои се непогодни или дури и опасни за луѓето. Покрај тоа, дејноста опфаќа изведување на токсиколошки анализи во рамки на техничките и професионалните можности на Центарот, како и преку воспоставување на соработка со апликативните центри при Фармацевтскиот факултет, но и со други домашни и меѓународни институции со сродна дејност.
Капацитети
- pH Метар, pH meter PB-11 Sartorius, Goettingen, Germany,
- Водена бања, GFL Labortechnik mbH, Burgwedel, Germany,
- Магнетна мешалка со греење, TK22 techno Kartell Magnetic Stirrer, Noviglio, Italy,
- Вортекс, DragonLab MX-F, Dragon Laboratory Instruments Limited, Berlin, CT, USA,
- UV/VIS Спектрофотометри,
- Полуавтоматски фотометар, Hymalizer Primus, Germany,
- Полуавтоматски анализатор BSA-350 ByoSystems S.A. Barcelona, Spain,
- Agilent 7890А Гасен хроматограф поврзан со Agilent 5975С Quadripole масен детектор (Agilent Technologies, USA) и со Shimadzu AOC 5000 Plus Headspace автосемплер (Shimadzu Corporation, Japan),
- Друга лабораториска опрема – ваги, микродифузиони садови, центрифуги, решоа, опрема за тенкослојна хроматографија и друг вид поситна стакларија и помошен лабораториски материјал.
Дејност
Основната дејност на Центарот за контрола на труења (ЦКТ) е вршење услуги и анализи во полето на токсикологијата, собирање и анализирање на податоци за труењата на национално ниво, развој на едукативни програми и материјали од јавен и професионален карактер, како и давање стручни мислења и консултативни услуги, изработка на експертски извештаи, методолошки постапки и лабораториски анализи.
- Научно-истражувачка дејност – истражување и следење на токсиколошките својства на нови супстанции/лекови и предикција на ризикот од експозиција на токсични агенси во работната и животната средина
- Едукативна дејност – обука заснована на принципот едукација базирана на научни истражувања и докази на кадри за сопствени потреби и клиенти кои имаат интерес во промоција на намалување на морбидитетот и морталитетот како последица на труењата, размена на знаења, искуства и вештини во форма на предавања, работилници и семинари, пишување и издавање на научно-истражувачка и стручна литература.
- Апликативна дејност – базични и применети истражувања во областа на предозирање со лекови и нивна злоупотреба, развој и изведување на токсиколошки анализи, експертизи, давање на професионални лабораториски и консултативни услуги насочени кон различни аспекти на ризикот од експозиција на агенси со токсичен потенцијал.
Анализи и услуги
- Обезбедување на научни податоци поврзани со превенција, дијагностика и справување со труењата во форма на пишани извештаи, упатства и протоколи.
- Консултативни услуги за здравствени работници кои ја спроведуваат грижата на пациенти со живото-загрозувачки труења.
- Консултативни услуги при решавање на токсиколошки проблеми во клиничката практика при справување на предозирање со пропишани лекови, OTC лекови или комплементарен третман со хербални препарати или додатоци на исхрана.
- Изведување на токсиколошки анализи (детекција, идентификација, квантификација) на потенцијални токсични супстанции присутни во различни видови примероци (биолошки материјал, комерцијални производи, вода и др).
- Едукативна дејност наменета за обука на професионален кадар за потребите на Центарот и за потрошувачи со цел за подигнување на јавната свест во контрола на труењата.
- Едукација на кадри од служби за итна помош, владини и регулаторни тела преку различни форми на активности (предавања, семинари, работилници) за несаканите ефекти на лековите поврзани со применетата доза/реакции на идиосинкразија.
- Подготовка на стручни и експертски токсиколошки мислења и публикација на стручни, информативни и популарно-едукативни брошури и статии за превенција и заштита при труења.
Ценовник
Анализа/услуга | Цена (без ДДВ) |
· Изработка на стручни и експертски токсиколошки мислења за препарати и супстанции | 20000 ден. |
· Токсиколошка оцена на хемикалии со компјутерски предиктивни модели | 10000 ден. |
· Определување на остатоци од пестициди во растителен материјал и преработки со GC/MS анализа | 2800 ден. |
· Определување на остатоци од пестициди во вода со GC/MS анализа | 2400 ден. |
· Определување на остатоци од пестициди во овошје со GC/MS анализа | 2400 ден. |
· Определување на копропорфирин во урина | 2000 ден. |
· Определување на делта-аминолевулинска киселина во урина | 2500 ден. |
· Полуквантитативно определување на вкупни феноли во урина | 1200 ден. |
· Определување на хипурна киселина во урина | 2200 ден. |
· Квалитативна анализа на карбоксихемоглобин во крв | 1300 ден. |
· Определување на јаглерод моноксид во крв | 2000 ден. |
· Определување на етанол во експириран воздух | 1000 ден. |
· Определување на етанол во урина | 1300 ден. |
· Идентификација на THC, метадон, хероин, екстази, бензодиазепини, опијати во урина | 300 ден./анализа |
· Испитување и контрола на физичко-хемиски квалитет на вода за пиење | 2500 ден. |
· Консултативни услуги (упатства за превенција, заштита при труења и управување со труења, предозирање со пропишани лекови, OTC лекови или комплементарен третман со хербални препарати или додатоци на исхрана, совети при карактеристични случаи на труења) | 3000 ден./час |
· Теренски услуги (превземање на примероци од терен) | утврдена со договор |
· Пишани упатства за мерки и средства за заштита од труења | 6500 ден. |
· Извештај и мислење на специјалист за токсиколошка хемија во врска со судско-медицински извештаи | 3300 ден. |
· Едукативни настани (организирање на семинари, работилници, публикација на текстови поврзани со актуелни токсиколошки теми со цел релевантно информирање на стручната и општата јавност, кои се објавуваат на веб локацијата на Фармацевтскиот факултет) | утврдена со договор |