Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет - Скопје

Центар за кариера

Центар за кариера

Фармацевтскиот факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“  Скопје

 

Центарот за кариера при Фармацевтски факултет е формиран со цел да воспостави постојани врски меѓу студентите и деловната заедница, да им помогне и да го поттикне интересот на студентите при планирање и насочување на нивната кариера, да го промовира факултетот пред пазарот на трудот и да им пружи помош на студентите при премин од академската средина во професионалното работење. Истовремено, центарот за кариера им помага на идните наши студенти да се запознаат со можностите за студирање на Фармацевтскиот факултет и да ги насочи при изборот на соодветна студиска програма, а води и евиденција за поранешните студенти (алумни).

 

Активности на центарот за кариера:

– учествува во организирање на практичната настава на студентите во функција на нивно практично усовршување;

– ја поттикнува и организира волонтерската работа на студентите

Центарот за кариера им овозможува на студентите да бидат дел од работењето на факултетот, давајќи им можност да волонтираат во реализација на промотивните активности на факултетот, како што се: настанот „Отворен ден“, претставување на факултетот на Саемот за образование и кариера и промоција на факултетот во средните училишта во градот и низ државата.

 

Центарот за кариера спроведува интерен конкурс за регрутирање на наши студенти кои би биле ангажирани во реализирањето на дел од практичната настава што се одвива на нашиот факултет

– соработува со координаторите на програмите за мобилност со цел поттикнување и организирање на студиски престој на високообразовните институции во ЕУ

– организира работилници и семинари со цел да ги насочат студентите за подготовка на мотивациско писмо, презентација на нивните квалификации, вештини, лични карактеристики, подобрување на нивните компетенции, интервју и сл.

– организира настани кои им овозможуваат на студентите да создадат контакти и интервјуа со работодавците, со цел да се овозможи полесен пристап до работно место или практика

– спроведува истражување за потребите од кадар на пазарот на трудот и поттикнува и одржува континуирани партнерства со работодавците во Република Македонија

– организира промоција на  факултетот пред идните студенти и на настани за кариера организирани на факултетот или во рамките на други образовни институции

– организира посети на студентите во компании/институции

– води евиденција за поранешните (алумни) студенти и ги ангажира за реализација на активностите на центарот

 

Контакт

Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска

Раководител на Центарот за кариера

Телефон: 02 312 60 32, лок. 106

е-пошта: ck@ff.ukim.edu.mk

                jato@ff.ukim.edu.mk

 

 

Design and Developed by KodeForest @ All Rights Reserved by KodeForest