Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет - Скопје

Услови за пријава и за одбрана на дипломски труд

Услови за пријава и за одбрана на дипломски труд:

Студентот има право и должност да пријави и да одбрани дипломски труд. Студентот може да го пријави дипломскиот труд откако ќе оствари 240 ЕКТС.

  • Насловот и тезите на дипломскиот труд ги предлага предметниот наставник од избраната
    дисциплина во договор со студентот.
  • Деканот, на предлог на кандидатот-студент, го определува менторот и темата за изработка и
    формира комисија за оцена и одбрана на дипломскиот труд.
  • Успешната одбрана носи 5 ЕКТС-кредити. Одбраната на дипломскиот труд се врши пред
    комисија од 3 члена од кои едниот е менторот. Менторот, во договор со студентот го определува денот на одбрана на дипломскиот труд. Комисијата, по одбраната на дипломскиот труд, дава оценка од 5 до 10. Комисијата одлучува со мнозинство на гласови. Доколку член на Комисија има спротивно мислење, истото го доставува како писмен извештај до Деканот. Оценка 5 значи дека студентот не го одбранил дипломскиот труд. За успешно одбранет дипломски труд (оценка од 6-10) се пополнува посебен образец (извештај) што го потпишуваат членовите на комисијата.

Студентот може да го брани дипломскиот труд откако ќе ги положи сите испити (265 ЕКТС) и ќе ја заврши професионална практика од 10 семестар (30 ЕКТС). Дипломскиот труд може да се брани вон испитна сесија.
Пријавата за дипломскиот труд со насловот на темата, составот на членовите на комисијата и извештајот со оценката за одбранетиот дипломскиот труд со потписи од членовите на Комисијата се приложуваат во досијето на студентот.

Design and Developed by KodeForest @ All Rights Reserved by KodeForest