Menu Close

МИСИЈА И ВИЗИЈА

 

Мисија

Mисија на Фармацевтскиот факултет е обезбедување континуирано образование на високостручен кадар, оспособен компетентно да одговори на потребите на општеството за решавање на сите прашања од доменот на фармацевтската дејност.

Препознавајќи ги потребите на нашето општество, мисијата се состои од:

  • Поттикнување на иновативноста и континуирано подобрување на квалитетот во наставата и истражувачко-апликативните активности со употреба на најсовремени едукативни методи и техники;
  • Обезбедување мултикултурно милје со почитување на различностите на секоја етничка група;
  • Постојано иновирање на наставниот план со воведување нови програми и насоки;
  • Непристрасност, објективност и транспарентност и почитување на високите етички норми;
  • Овозможување стимулативна атмосфера за индивидуален професионален развој;
  • Изградување на сопствена препознатливост во земјата и во странство.
  • Разивање и унапредување на соработка со други факултети, универзитети и институции во земјата и надвор од неа со цел подобрување на квалитетот и перформансите на факултетот.
  • Востановување на едукативна политика базирана врз автономност, адекватност, акредитација и самоевалуација.

 

Визија

Визијата на Фармацевтскиот факултет во Скопје е да биде лидер во областите на своето делување во земјата и во регионот.