Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Историјат

ИСТОРИЈАТ

1977 година

  • Основање на Фармацевтскиот факултет во состав на Универзитетскиот центар за медицински науки.
  • Воведување на четиригодишна студиска програма за стекнување со звањето дипломиран фармацевт.
  • Запишување на првата генерација студенти на Фармацевтскиот факултет.

1985 година 

  • Здружување на Фармацевтскиот факултет со Медицинскиот факултет, како   Отсек за фармација при Медицинскиот факултет во Скопје.

1986/87 година

  • Воведени тригодишни специјалистички студии од различни области на здравствени специјализации и тригодишни последипломски магистерски студии.

1992/93 година

  • Воведен нов наставен план и програма за студиите по фармација.

1994 година

  • Осамостојување на Фармацевтскиот факултет како посебна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методи’’.

1995 година

  • Пуштање во работа на новоизграден објект (прва зграда), со 1 предавална, две компјутерски училници, 7 лаборатории и 10 кабинети за наставен кадар.

1995 година

  • Основање на нови институти за: фармацевтска ботаника, молекуларна биологија, аналитичка хемија, неорганска хемија и органска хемија.

1997 година

  • Основање на Национален центар за давање информации за лекови.

1997 година

  • Воведени постдипломски специјалистички (2 семестри) и магистерски (3 семестри) студии по здравствен менаџмент и фармакоекономија.

1999/2000 година

  • Воведување на нова петгодишна студиска програма за стекнување со звањето Дипломиран фармацевт.

2001 година

  • Внатрешна реорганизација и основање на 5 поголеми наставно-научни единици: Институт за фармацевтска технологија, Институт за фармацевтска хемија, Институт за применета хемија и фармацевтски анализи, Институт за применета биохемија.

2001 година

  • Основање на Центар за испитување и контрола на лекови.

2001/02 година

  • Воведување на европскиот кредит трансфер систем и приспособување на курикулумот кон барањата на Европската асоцијација на факултети.

2002/03 година

  • Воведување на нова петгодишна студиска програма за стекнување со звањето Магистер по фармација.

2002 година

  • Пуштање во работа на нова (втора) зграда, со 2 амфитеатри, 8 лаборатории, деканатот и останатиот административен дел на факултетот.

2002 година

  • Промени во студиските програми за специјалистички студии од сите здравствени специјализации.

2005-2008 година

  • Набавена капитална инструментална лабораториска опрема: гасна хроматографија со FID-ECD-детекција и  „head space”- техника, со масена детекција,  течна хроматографија со DAD и флуоресцентна детекција, спектрофотометри со високи перформанси, PCR апарат, Real-time PCR, DNA секвенционер, капиларна електрофореза, апарат за мерење на големината на честиците со ласерска дифракција, апаратура за сушење и микронизирање со распрснување.

2006 година

  • Воведување на меѓународниот стандард за лабораториско испитување, ISO 17025, во Центарот за испитување и контрола на лекови. Сертификат за акредитација од Институтот за Aкредитација на Р. Македонија, свечано врачен на 17.11.2006 година.

2006/07 година

  • Акредитација на изменети студиски програми за последипломски и специјалистички студии од областа на здравствен менаџмент фармакоекономија.

2007 година

  • Формиран Центар за континуирана едукација

2007 година

  • Завршено со работа на ТЕМПУС проектот „Реконструкција на фармацевтската едукација во Република Македонија”(2004-2007), во соработка со:  Универзитет за фармацевтски науки од Копенхаген,  Универзитетот во Стокхолм,  Македонското фармацевтско друштво и  Фармацевтската комора на Македонија.

2008/09 година

  • Воведена нова петгодишна студиска програма интегрирани студии од 1 и 2 циклус по Болоња за стекнување со звањето магистер по фармација (9 семестри универзитетска настава и 1 семестар професионална практика). Студиите по фармација се усогласени со барањата на ЕУ Директивата 36/2005.

2009 година

  • Формирани нови центри за научна и апликативна дејност: Центар за природни    производи, Центар за фармацевтска нанотехнологија, Центар за контрола на труења и Центар за биомолекуларни фармацевтски анализи.

2010 година

  • Акредитирана нова тригодишна студиска програма од 1 циклус за стекнување со звањето дипломиран лабораториски биоинженер.

2011 година

  • Акредитирана студиска програма од втор циклус академски специјалистички студии по фармацевтска регулатива.

2011 година

  • Акредитирана студиска програма од трет циклус докторски студии, од научното подрачје на медицински науки и здравство, област фармација.

2012 година

  • Акредитирани втор циклус, академски специјалистички и постдипломски магистерски студии од областите: фитотерапија, козметологија и индустриска фармација.

2013 година

  • Центарот за испитување и контрола на лекови стана полноправна членка на европската мрежа на Официјални лаборатории за  контрола на лекови GEON – General European OMCL network.

2014 година

  • Акредитирани втор циклус магистерски студии по Лабораториски анализи  и инженерство во фармацијата.

2015 година

  • Договор со Фондот за здравствено осигурување за покривање на трошоците за извшени анализи во Центариот за биомолекуларни фармацевтски анализи за потребите на здравствениот сектор во државата.

2017 година

  • Свечено одбележан јубилеј 40 години од основање на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

2018 година

  • Акредитирана нова тригодишна студиска програма од 1 циклус за стекнување со звањето дипломиран диететичар/диетотерапевт.
  • Акредитирани втор циклус магистерски студии по диететика и диетотерапија.

 

Design and Developed by KodeForest @ All Rights Reserved by KodeForest