Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Фармацевтски Факултет

Бодовна скала за потпис и оценување на стекнатото знаење и вештини

Студентот во текот на престојот на една предметна програма може да освои максимум 100 бода од кои 40 бода како резултат на континуираната проверка на знаење и вештини и 60 бода како резултат на завршна проверка и оценување (40 : 60 бода).

Бодовната скала генерално ги вклучува следните елементи:

  • теоретска настава – 10 бода
  • практична настава – 20 бода
  • самостојни задачи (горе наведени) – 0 – 10 бода

Студентот треба да освои од 30 – 40 бода за да стекне потпис. Бодовната скала за оценување генерално ги вклучува следните елементи:

  • колквиуми/писмен дел од завршниот испит – 20-40 бода
  • завршна вежба/практичен дел од испитот – 5-10 бода
  • усмен дел од испитот – 5 – 10 бода

Студентот по двата основи кумулативно може да освои од 60-100 бода.

Скала на оценување:

  • до 60 бода – оценка 5 (пет) F
  • од 60-66 бода – оценка 6 (шест) E
  • од 67-75 бода – оценка 7 (седум) D
  • од 76-84 бода – оценка 8 (осум) C
  • од 85-93 бода – оценка 9 (девет) B
  • од 94-100 бода – оценка 10 (десет) A

За предметни програми што не вклучуваат практична настава или за кои не се предвидени горе наведените форми на самостојни задачи, бодовната скала за стекнување попис и за оценување соодветно се прилагодува. Податоци за начинот на оценување за секоја предметна програма се дадени во Прилог 3.

Design and Developed by KodeForest @ All Rights Reserved by KodeForest