Повеќе инфорамции за запишување на примените кандидати на следниот линк.
Актуелности
Резултати од успехот од средно образование за кандидатите пријавени на Конкурсот за запишување на студенти во учебната 2025-2026 година
Кандидатите имаат право на приговор на објавената листа со резултати од успех во средно образование. Приговорите се упатуваат до Конкурсната комисија на Фармацевтскиот факултет, исклучиво во електронска форма на upisi-ff@ukim.edu.mk. Рокот за приговори истекува на 27.08.2025 (среда) до 13:00 часот. Приговорите може да се однесуваат само на технички пропусти – грешки направени при пресметувањето на бодовите.
Известување за запишување и заверка на зимски семестар во учебната 2025-2026 година
Запишување и заверка на зимски семестар за учебната 2025-2026 година ќе се врши до 30.09.2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.
Конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2025/2026 година
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година
Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година
Едукативен курс „Валидација на процеси во фармацевтска индустрија“
GMP Стручен состанок со меѓународно учество: Валидација на процеси во фармацевтска индустрија
4-5 јули 2025г. Фармацевтски факултет, УКИМ-Скопје
Пријавување на учество до: 25 јуни 2025г. на farmacevtskatehnologija@ff.ukim.edu.mk
Курсот е акредитиран од страна на Фармацеевтската комора на РС Македонија со 8 поени за предавачите и 6 поени за слушателите.
Фармацевтска игра







Со задоволство објавуваме дека минатата недела на Фармацевскиот факулет во Скопје започнавме со Фармацевтска игра како дел од професионалната пракса на студентите од 5та година на студиите на магистер на фармaција.Parmacy Game е иновативен образовен модел, кој вклучува симулација на аптека, дизајниран на начин да испорача учење и искуство во аптекарската пракса на студентите низ игра. Наменет е да го интегрира целото претходно знаење и да го насочи кон развој на професионалност и професионален идентитет на студентите. Pharmacy game е успешно имплементирана во наставната програма на 10 универзитети низ целиот свет како University of Groningen и University of Utrecht во Холандија, Vrije Universiteit во Брисел, University of Bath-Велика Британија, University of Oslo-Норвешка, вклучувајќи го и нашиот Универзитет Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа игра е наменета да го интегрира целото претходно знаење и да го насочи кон развој на професионален идентитет на студентите. Играта е поддржана преку веб-платформа на која студентите интерактивно учат на забавен и многу ефикасен начин, стекнувајќи вештини, знаење и самодоверба за справување со предизвиците од реалната пракса.
Предвање на тема: РЕЗИСТЕНТНОСТ ВО ТЕРАПИЈАТА НА РАК – УЛОГАТА НА КАРБОНИЛ-РЕДУЦИРАЧКИТЕ ЕНЗИМИ, од проф. д-р Владимир Сол
На 20 мај 2025 година (вторник), со почеток во 13:00 часот, во предавална 1 на Фармацевтскиот факултет ќе се одржи гостинско предавање од проф. д-р Владимир Сол, редовен професор по биохемија на Фармацевтскиот факултет, Универзитет “Чарлс” во Прага, Чешка Република.
Темата на предавањето е:
„РЕЗИСТЕНТНОСТ ВО ТЕРАПИЈАТА НА РАК – УЛОГАТА НА КАРБОНИЛ-РЕДУЦИРАЧКИТЕ ЕНЗИМИ“
Предавањето е од отворен карактер и наменето за академски кадар, истражувачи и докторанди со интерес за фармацевтските и медицинските науки, во областа на биохемијата.
„Кариерен пат на еден алумни”
Драги студенти,
Со големо задоволство ја најавуваме првата работилница од серијалот „Кариерен пат на еден алумни”. 👩🎓👩🔬
Ве покануваме да ни се придружите на “Чај со Маја од Алкалоид”!🫖🌺🍃
Маја Стефкова е магистер по фармација, специјалист по фармацевтска технологија и менаџер на одделот Билкарство во Алкалоид АД Скопје.
▪︎ Датум: 09.05.2025
▪︎ Место: предавална 3 на ФФ
▪︎ Време: 13:00 часот
Ве очекуваме на чај-разговор 🫖☕️,
кариерни искуства и совети 😉
Предавање на тема „Клинички аспекти на акутните труења со лекови“ од проф. д-р Нико Беќаровски
На 5 мај 2025 година (понеделник), со почеток во 12:00 часот, во предавална 2 на Фармацевтскиот факултет ќе се одржи гостинско предавање од проф. д-р Нико Беќаровски, специјалист по интерна медицина, еминентен професор и стручњак од областа на клиничката токсикологија при Медицинскиот факултет во Скопје, со долгогодишно професионално искуство на Клиниката за токсикологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Темата на предавањето е:
„Клинички аспекти на акутните труења со лекови“
Присуството на предавањето е задолжително за:
- студентите на студиската програма Магистер по фармација кои ја следат наставата по предметот Токсикологија,
- студентите од програмата Лабораториско биоинженерство кои ја следат наставата по предметот Токсиколошки форензични анализи.
Предавањето е од отворен карактер и се покануваат сите заинтересирани студенти и колеги од Факултетот да присуствуваат.
Свечено доделување на дипломи за дипломирани студенти 04.04.2025 година
Денес 4.4.2025 година во просториите на УКИМ – Фармацевтски факултет, по повод 48 годишнината од основањето на факултетот, свечено беа доделени дипломите на нашите колешки и колеги кои завршија со своите додипломски студии на студиските програми Магистер по фармација, Лабораториски биоинжинер и Диететика и диетотерапија. На сите им посакуваме многу здравје и успешни професионални кариери.
Огласи
Оглас за демонстратори за учебната 2025-2026 година
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за демонстратори за учебната 2025-2026 година:
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармацевтска технологија
- 2 (два) демонстратор на Институт за применета хемија и фармацевтски анализи
- 1 (еден) демонстратор на Институт за фармацевтска хемија
- 2 (два) демонстратор на Институт за применета биохемија
Повеќе информации на следниот линк.
Втор симпозиум на Македонското фармацевтско друштво на тема: „Клиничко-фармацевтски услуги за специфични популации: Педијатриска, геријатриска и диетотерапевтска грижа“

Почитувани колеги,
Ве известуваме дека пријавувањето на апстракти и регистрацијата на учесници за претстојниот Втор симпозиум на Македонското фармацевтско друштво на тема:
„Клиничко-фармацевтски услуги за специфични популации: Педијатриска, геријатриска и диетотерапевтска грижа“,
кој ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември 2025 година, во хотел „Дрим“, Струга, како и за едукативниот курс: УСЛУГА ЗА НОВ ЛЕК (New Medicine Service – NMS)
е достапно преку следниот линк:https://pharmacypractice2025.mk/
Стипендии за истражувачи, докторски студии и пост-докторски студии, за студенти од земјите во Централна и Источна Европа за академската 2026/2027 година
Повеќе информации на следниот линк.
“ЛЕТЕН КЛУБ “МЛАДИНА” за нови почетоци со новата летна програма за практиканство!
Стани дел од нашиот летен клуб, дел од Програмата HUB#МЛАДИНА и запознај ги бенефитити што ги нуди истата!
- Ќе добиете ментор и ќе го следите целиот процес под Менторство и реална обука;
- Ќе се стекнете со Практично искуство во професија – ќе ги видите бенефитите да си фармацевт во аптека или кој е нашиот “смарт фармацевт”;
- Ќе ги запознаете иновациите во делот на истражување и развој , во областа на фармацевтско аптекарско работење;
- И можност за Кариера со многу бенефити од програмата за млади – МЛАДИНА;
- Покривање на целиот износ на трошоци за добивање на лиценца од Фармацевска Комора на Македонија – по завршување на праксата и вработување.
Започнете ја кариерата преку платена пракса во Лениот Клуб за фармацевти!
Доколку сте:
- Студенти на редовни студии на Фармацевтски факултет во 8ми или 10ти семестар (студиска програма Магистер по фармација) при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје,
- Не сте во работен однос,
- Можете да извршувате практикантска работа во времетраење од два месеци во летниот период (01.07.2025 до 31.08.2025).
Аплицирај веднаш на следниот линк! Испрати CV преку полето Пријави се и очекувај да те контактираме.
Програма за прва заедничка годишната конференција на докторски студии Летен семестар 2024/2025 година
Повеќе информации на следниот линк.
Конкурс за студентска мобилност во рамките на ЕРАЗМУС+ програмата – академска 2025-2026 година
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје објавува КОНКУРС за студентски мобилности во рамки на програмата ЕРАЗМУС+
Индивидуална мобилност за студенти за зимскиот семестар во академската 2025/2026 година
Повеќе информации на следниот линк.
Известување за пријава на аптека/и за професионална пракса во летен семестар 2024-2025 година
Фармацевтски факултет-Скопје во претстојниот летен семестар 2025 година ќе ја реализира професионалната практика за студентите во 10-тиот семестар од студиите.
Повеќе информации за пријавувње на аптеки на следниот линк.
Оглас за пријавување на кандидати за запишување односно одобрување на специјализации
Фармацевтски факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје распишува оглас за запишување на специјализации.
Повеќе информации на следниот линк.
Отворен оглас за стипендии за студенти и млад научен кадар од сите научни области за следење на курсеви по германски јазик на високообразовни институции во Баварија, Сојуна Република Германија во 2025 година
Стипендијата за следење на курсевите со физичко присуство ја покрива школарината, сместувањето и оброците. Кандидатите треба се граѓани на РСМ, да имаат најмалку Б1 ниво на познавање на германскиот јазик, да имаат запишано најмалку трет семестар на единицата на УКИМ и да достават уверение со оцени од положените испити. Крајниот рок за аплицирање е 23 март 2025 година.
Повеќе информации на следниот линк.

Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД Скопје
Нови предизвици за студентите од Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје!
Како дел од Програмата за млади таленти на „Алкалоид“ АД Скопје, во соработка со Центарот за кариера на УКИМ, 12 студенти ќе имаат можност да се вклучат во едукативно-апликативниот проект на тема „Зеленa хроматографија: дел 2 – нови пристапи и решенија“.
Прочитајте повеќе за условите и за начинот на пријава на:
https://bit.ly/povik-za-studenti-2024
Одлука за распишување избори на членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Фармацевтски факултет Скопје
Се распишуваат избори за 22 членови и претседател на Факултетското студентско собрание на Фармацевтски факултет во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изборите за членовите и претседателот ќе се одржат на 11.12.2024 година (среда), со електронско гласање во период од 10:00-14:00 часот.
Повеќе информации на следниот линк.

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје објавува Конкурс за стипендирање на 20 студенти по фармација
Повеќе информации на следниот линк.
Архива на огласи
Соопштенија за студенти
Последни соопштенија
- Резултати од практичен испит Токсикологија одржан на 3.9.2025 05/09/2025
- Резултати од практичен испит Токсиколошки и форензички анализи одржан на 3.9.2025 05/09/2025
- Резултати од практичен испит Општа и клеточна биологија (03.09.2024) 05/09/2025
- Резултати од практичен испит Основи на фармацевтска биологија (03.09.2024) 05/09/2025
- Решение за прием на студенти во прва година во учебната 2025-2026 година на студиската програма Диететика и диетотерапија – прв уписен рок 29/08/2025
- Решение за прием на студенти во прва година во учебната 2025-2026 година на студиската програма Магистер по фармација – прв уписен рок 29/08/2025
- Решение за прием на студенти во прва година во учебната 2025-2026 година на студиската програма Лабораториско биоинженерство – прв уписен рок 29/08/2025
- Оглас за демонстратори за учебната 2025-2026 година 27/08/2025
- Известување за запишување и заверка на зимски семестар во учебната 2025-2026 година 27/08/2025
- Список за практичен испит по Фармакогнозија- 11.08.2025 26/08/2025
- Список за практичен испит по Фармацевтска ботаника – 01.09.2025 26/08/2025
- Список за практичен испит Фитохемија – 09.09.2025 26/08/2025
- Распоред за практичен испит Општа и клеточна биологија (03.09.2024) 26/08/2025
- Распоред за практичен испит Основи на фармацевтска биологија (03.09.2024) 26/08/2025
- Резултати од успехот од средно образование за кандидатите кои конкурираа на Конкурсот за запишување на студенти на прв и втор интегриран циклус студии за студиската програма Магистер по фармација во учебната 2025-2026 година 26/08/2025